Поврзете се со нас

Шпанија

Де Јонг се израмни со легендарниот Јохан Кројф

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона успеа да слави против Атлетико Мадрид во дерби пресметката во шпанската Примера (1-0) и со тоа не дозволи Жирона и Реал Мадрид да направат поголема разлика на прволигашта табела кога е во прашање борбата за самиот врв.

Овој дуел дефинитивно ќе го паметат неколку играчи поради различни причини како голманот Ињаки Пења, Жоао Феликс, но и Френки Де Јонг кој со настапот против „душекџиите“ израмни учинок на легендарниот Јохан Кројф.

Ова за Де Јонг беше 139 лигашки меч во дресот на Барселона со што се израмни со Кројф кој е икона на клубот, ас кој остави голема трага како играч, а потоа и како тренер на шпанскиот великан.

Кога е во прашање Кројф тој во својата дебитанска сезона ја предводеша Барса во првата лигашка титула по пауза од 14 години, додека пак Френки во третата кампања му се израдува на трофејот во шпанскиот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни