Поврзете се со нас

Шпанија

Де Јонг разочаран: Ова не смее да се случува во врвен тим

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес ја презема одговорноста за лошите резултати на Барселона и најави дека ќе си замине по крајот на сезоната, но додека тренерот го правеше тоа, играчите од првиот тим голем дел од вината префрлија на себе.

Играчи како Кансело и Араухо беа разочарани од индивидуалните изданија и посочија дека нивните грешки резултирале со победа на Вилјареал од 3:5, но критички настроен беше и Френки Де Јонг.

Холанѓанецот смета дека тој и неговите соиграчи продолжуваат да ги повторуваат грешките кои не се карактеристични за врвен тим кој сака да се натпреварува на највиоко ниво, па очекува промена во тој сегмент пред клучниот дел од сезоната.

– Не одигравме добар меч, но успеавме да направиме пресврт. Дојдовме до 3:2, а потоа повторно подарувавме. На крајот претрпевме и пораз. Ова не смее да се случува во врвен тим, не смее да се губи ваков натпревар.

– Поготово е лошо бидејќи имаме искуство со вакви ситуации, едноставно не смееме да си дозволиме ваков луксуз. Мора да се подобриме, вината е кај нас играчите, а не кај тренерот и стручниот штаб, – изјави Де Јонг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни