Шпанија
Де Јонг по изданието кое му беше потребно: Морам да бидам трпелив…
Френки Де Јонг веќе подолго време е дел од Барселона и веќе ја има улогата на еден од капитените во екипата што говори доволно за позицијата што ја има во екипата.
Меѓутоа Холанѓанецот веќе доста време не е во прв план, долго време беше отсутен, а кога е фит и подготвен едноставно не го дава она што го посакуваат навивачите на каталонците кои веќе го губат трпението со него. Ако на ова се додадат информациите дека се уште нема одговорено на понудата на клубот за продолжување на соработката и вестите на некои медиуми дека одолговлекува и сака како слободен играч да си замине во 2026 година, тоа му носи само негативни поени кај фановите, прашање за иднината кои се постојано присутни.
На вчершаниот меч против Мајорка тој влезе во вториот дел и тие 20+ минути навистина добро ги искористи даде гол, забележа асистенција, нешто што треба да му помогне во продолжението од кампањата.
-Беше многу важно да победиме за да ја вратиме самодовербата, ова беше многу добро за нас, и иако важна е победата, тоа што направивме 1-5 на тежок терен како Мајорка ни дава доверба да продолжиме напред, меѓутоа ова е само еден натпревар, има многу пред нас.
-Морам да бидам трпелив со сè што е, знам дека е така, па ќе продолжам да го правам тоа што го работам, да работам, со главата надолу и во одреден момент ќе видиме како ќе заврши, -истакна Френки.
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија20 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија21 час
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет21 час
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот