Поврзете се со нас

Свет

Де Јонг остана без ЕП на четири дена пред почетокот на турнирот

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Френки Де Јонг се соочи со низа критики во изминатиот период од страна на големи легенди во холандскиот фудбал, но иако даваше свој максимум да се врати на теренот, ѕвездата на Барселона на тажен начин става крај на разочарувачката сезона.

Де Јонг имаше две потешки виткања на зглобот во текот на натпреварувачката кампања и мораше да паузира, па и покрај тоа што имаше добри шанси да стигне навреме за Европското првенство, очигледно нешто тргнало погрешно во рехабилитацијата.

Френки беше планиран како клучен играч во системот на Роналд Куман и покрај критиките кои ги доби од Руд Гулит и Весли Снајдер, но сега легендите ќе добијат шанса да видат како тимот ќе функционира без Де Јонг.

Холандија вечерва на домашен терен го надигра Исланд во генералката за Европското првенство, но веднаш по мечот соопшти дека Френки сепак нема да биде дел од тимот кој ќе отпатува за Германија.

„Лалињата“ се во групата Д на Европското првенство, а очекувања е да бидат сериозно тестирани уште на стартот поради тоа што ривали ќе им бидат Франција, Австрија и Полска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни