Поврзете се со нас

Европски првенства

Де Јонг објасни зошто Холандија со леснотија создаваше шанси во второто полувреме: Можевме да дадеме повеќе голови

Објавено

на

Фото:ФФМ

Френки Де Јонг е еден од холандските играчи кои добиваат најмногу пофалби од фудбалските експерти во оваа земја, па така беше и по натпреварот против Македонија на кој ѕвездата на Барселона беше поштедена во последните десетина минути.

Де Јонг беше еден од играчите кои дадоа изјава за холандските медиуми по победата од 3:0 над Македонија која изгледа премногу уверлива со оглед на изедначениот фудбал во првото полувреме, а везниот фудбалер ја посочи и главната причина поради која Холанѓаните дале лесни голови против нашата репрезентација.

– Мора да се признае дека во првите 25 минути бевме многу невешти со топката, тоа важи и за мене. Неколку пати ја загубивме топката во раната фаза од акцијата и така тешко е да се заканите. Добро во целата ситуација е што се подобривме во продолжение.

– Три гола не се така лоши, а искрено може да бидат и повеќе. Македонија почна многу да ризикува со пасовите и ни оставија голем простор во нивната половина. Ја освојувавме топката на места каде веднаш можевме да нанесеме штета и ако бидеме реални, можевме да извлечеме и поголема победа од овој натпревар, – изјави Де Јонг кој го пофали и младиот Мален кој беше стартер против Македонија.

– Сите во тимот знаеме каков потенцијал поседува Мален. Тој е добар играч и сега сите се уверија во тоа. Навистина е брз и се заканува од страна. Станува збор за подвижен играч кој може да му нанесе штета на противникот, – порача Френки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни