Шпанија
Де Јонг изведе генијална „штикла“ на „Ел Садар“, Барселона падна на четвртото место (Видео)

Севилја ја забележа шестата победа во низа во шпанската Примера и полека почнува да се истакнува како кандидат од сенка во шампионската трка, бидејќи тимот од Андалузија е единствениот кој има идентичен број на натпревари како лидерот Атлетико.
Составот кој го предводи Лопетеги оваа вечер оствари нов триумф во единствениот натпревар во Ла Лига денеска, славејќи 0:2 на традиционално незгодното гостување во Памплона.
Севилја ја победи Осасуна со 0:2, три бода со кои андалузијците дојдоа на минус седум од лидерот Атлетико кој влезе во резултатска криза, а со кои успеаја да ја потиснат Барселона на четвртата позиција на табелата.
Резултатот го отвори Диего Карлос со голот во првото полувреме, додека победата ја потврди Лук Де Јонг со шмекерска „штикла“ во второто полувреме за конечни 0:2 на „Ел Садар“.

- Лига на шампионипред 24 часа
Иличиќ бесен откако беше изваден по само 30 минути игра, Гасперини веднаш му возврати
- Италијапред 22 часа
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Англијапред 23 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 22 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Лига на шампионипред 23 часа
Гвардиола одговори на прашањето дали се фаворити во Лигата на шампионите: Kога ги гледам нив не би рекол дека сме
- Лига на шампионипред 21 час
Капело: Прво беше оштетен Лацио, па Аталанта, ова станува сомнително
- Англијапред 20 часа
Гвардиола ја откри тајната на Сити за успесите: Имаме многу пари за да купиме неверојатни играчи (ВИДЕО)
- ВТАпред 21 час
Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка во Москва