Поврзете се со нас

Шпанија

Де Јонг има омилен играч од Реал Мадрид: Уживам да го гледам како игра

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

„Ел Класико“ дербито е се поблиску и најавите од двата клуба пристигнуваат од различни страни, бидејќи покрај тренерите и поранешните легенди, со изјави се јавуваат и актуелните ѕвезди на двата тима.

Роберт Левандовски не штедеше комплименти за човечките и тренерските квалитети на Карло Анчелоти кој сега му е противник на „Ел Класико“, но слични симпатии кон играч на „кралскиот клуб“ чувствува и Френки Де Јонг.

Холанѓанецот ја пронајде најдобрата верзија од себе откако одби да направи трансфер во Манчестер Јунајтед минатото лето, па како клучен играч во средниот ред на Барса, не крие дека е воодушевен кога го гледа Лука Модриќ.

– Ел Класико е најдобар меч во светот, тоа е најважен меч за навивачите на Барселона, но исто така и за играчите. Овојпат се погоди ова „Ел Класико“ да биде важно и за трката за титулата.

– Реал има многу добри играчи и тие се одличен тим. Секогаш се опасни во контранапади, но знаат да контролираат и со играчите во средниот ред. Имаат страшен квалитет во средината. Мене лично, Модриќ секогаш ми се допаѓал како играч, мора да кажам дека уживам да го гледам. Тешко е да го исконтролирате Реал, но ќе се обидеме да го направиме тоа, – изјави Де Јонг пред утрешното дерби на „Камп Ноу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни