Поврзете се со нас

Шпанија

Де Јонг го крена гласот пред враќањето на терените: Сите во Барса побараа да не се оперирам

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Френки Де Јонг заработи трета повреда на скочниот зглоб на крајот на сезоната и тоа го оневозможи да настапи на Европското првенство, но на крајот испадна дека процесот на рехабилитација е многу подолг од тоа што првично се очекуваше.

Холанѓанецот беше оневозможен да ја стартува новата сезона и сега полека се враќа во тренажен процес, а бидејќи е во завршна фаза од подготовките и се очекува негов кам-бек на терените, Френки реши да го крене гласот за сите гласини кои кружеа околу неговото име.

Дел од шпанските медиуми пренесоа дека Де Јонг се однесува непрофесионално за играч чиј договор изнесува 37 милиони евра годишно, но исто така се пренесе дека рехабилитацијата се оддолжила само поради тоа што тој одбивал да замине „под нож“.

– За време на процесот на рехабилитацијата решив да останам тивок и да молчам, но веќе не можам да го правам тоа. Не е вистина дека јас не сакав да се оперирам, бидејќи сите луѓе во клубот ми предложија дека конзервативниот третман е најдобар. Заедно со клубот одлучивме да не се оперирам, не сфаќам од каде излегуваат овие приказни.

– Исто така, ќе се огласам и за мојот договор. Не е вистина дека заработувам 37 милиони евра по сезона. Тоа е измислена сума, многу далеку од тоа што го заработувам. Многу сум далеку од таа цифра и се измислуваат многу работи за мене. Се измислија многу нешта, а јас цело време се опоравував. Имав тежок процес, повредата влијаеше и на ментален план, но сега сум многу подобро. Ми се врати самодовербата и блиску сум до враќање на терените.

– Оваа сезона ќе бидам и еден од капитените на Барса. Гордост е да биде капитен на овој клуб, ќе дадам се што имам, како и обично. Прва цел ми е да се вратам на теренот, а потоа да бидам пример за соиграчите, – изјави Де Јонг.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни