Поврзете се со нас

Свет

Де Јонг доби критики од уште една холандска легенда: Си обезбеди многу убав трансфер со фантастична сезона, но…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Френки Де Јонг традиционално е под лупа во холандската спортска јавност, а тоа сега е уште поизразено откако имаше сезона за заборав како играч на Барселона.

Играчот за врска е неизвесен за првиот настап на Европското првенство поради повредата на скочниот зглоб која го мачи цела сезона, но холандските легенди се многу позагрижени за перфорнасите кои тој може да ги понуди во ситуација кога е далеку од посакуваната форма.

Руд Гулит пред неколку дена го нарече „дух“ и посочи дека е невидлив кога игра за Холандија, а на овие критики сега се надоврза и Весли Снајдер, кој заклучи дека Де Јонг одиграл само една добра сезона во својата кариера.

– Ние во Холандија често забораваме дека Френки е „6-ка“ и фудбалски коректор, а не „10-ка“. Френки не е константен веќе неколку години и тоа се одразува врз неговите перформанси.

– Тој имаше една фантастична сезона со Ајакс и тоа му овозможи да направи многу убав трансфер. Ако ги погледнете последните неколку сезони, Френки доста често беше повреден и тоа го „изеде“, – вели Снајдер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни