Поврзете се со нас

Светски првенства

Де Јонг беше искрен: Тој прави разлика и на тренинг, не знам како да го запрам Меси

Објавено

на

Аргентина и Холандија ќе имаат нова битка на Светските првенства, овојпат во четвртфиналето на шампионатот во Катар.

На теренот ќе видиме многу познати имиња, играчи кои се познаваат, играчи кои биле и соиграчи како што е случајот со Френки Де Јонг и Лионел Меси. Тие двајцата имаа можност да соработуваат во Барселона, па Френки многу добро знае каква опасност носи Аргентинецот, па запрашан за тоа дали може да го неутрализира капитенот на „гаучосите“ тој беше искрен и порача:

-Не знам. Го познавам, ама не знам како да го запрам. Тој прави разликата веќе 15 години и не постои начин да го запрете. Обично тој прави разлика и за време на тренинзите Треба да го запреме како тим. Не сме си пратиле пораки. Не планирам. Ќе се видиме во петок, -порача Де Јонг.

За разлика од Френки, неговиот тренер Ван Гал веќе порача дека има подготвено план за најдобриот играч на Аргентинците.

Ван Гал гледа само една слабост кај Меси: Тоа ќе биде нашата шанса

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни