Поврзете се со нас

Шпанија

Де Јонг: Барселона нема ништо за славење…

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Барселона го победи Рајо Валјекано (1-0) и со тоа се врати на првото место на табелата во Ла Лига максимално користејќи ги киксовите, резултатите кои во изминатиов период ги имаа главните ривали за пехарот Реал и Атлетико Мадрид.

Каталонците врзаа четири триумфи во низа и сега се лидери во Примера поради подобрата гол разлика и меѓусебниот дуел со „кралевите“, но има уште многу да се игра уште 14 кола и Френки Де Јонг кој е еден од капитените во екипата испрати кратка, ама јасна порака до соиграчите, ама и навивачите на клубот.

-Среќен со победата и првото место, но пред нас е уште долг пат, сите сме блиску на табелата и нема што да славиме, -порача Холанѓанецот.

Избраниците на Флик во наредното коло му гостуваат на Лас Палмас, Реал ја пречекува Џирона, а Атлетико оди на „Месталја“ кај Валенсија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни