Поврзете се со нас

Шпанија

Де Јонг: Ако Меси ви дава совет, слушате и го прифаќате

Објавено

на

Френки Де Јонг е во својата прва сезона во екипата на Барселона, сезона за која фановите и јавноста секако очекуваа многу повеќе од него, односно да биде на нивото од Ајакс.

Секако има коментари за тоа дали Холанѓанецот игра на вистинската позиција, меѓутоа без разлика на се Френки кога и да добие шанса секогаш се труди да го даде најдоброто од себе на теренот. Во исто време тој се уште се обидува да се приспособи на новата средина, новите соиграчи и учи од најдобрите како што е случајот со капитенот Лионел Меси.

-Во Ајакс и холандскиот состав имав различна улога, но играме со двојна шестка (двајца дефанзивни играчи за врска). Морам да се прилагодувам и се се одвива добро, но можам да се подобрам. Јас сум најдобар кога не се сум ориентиран најмногу одранбено, но и напаѓачки. Ако Лионел Меси зборува и ви дава совет, прифатете го, бидејќи тој е далеку најдобриот играч на светот. Ако ви дава совет, слушате.

-Понекогаш тој вели дека мора да бидете подлабоко или на страна, мали нешта, но тоа ја прави разликата, -вели Френки за „Би-Би-Си“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни