Поврзете се со нас

Италија

Де Хеа за страшната одбрана во дуелот со Влаховиќ: За малку ќе се повредев (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/acffiorentina

Давид Де Хеа не дава преголемо значење на вонсериските одбрани кои стандардно ги режира во својата кариера, па така беше и по најновата епизода во која се прикажа како јунак на Фиорентина.

Искусниот шпански голман најверојатно режираше една од одбраните на сезоната во дуел со Душан Влаховиќ, бидејќи од непосредна близина успеа да стопира силен шут на Србинот кој одеше блиску до првата статива.

Од силината на ударот, Де Хеа имаше лошо приземјување и мораше да добие лекарска интервенција, но позитивна вест беше тоа што не заработи посериозна повреда и што можеше да го доигра мечот.

– Си нанесов штета сам на себе додека се приземјував по одбраната која ја направив и за малку ќе се повредев. Добро е што на крајот се мина во најдобар ред, и за мене и за тимот.

– Освоивме важен бод на крајот и тоа е најважно. Една година не играв фудбал, но сега играм редовно и нависитна сум многу среќен од формата во која настапувам, – изјави Де Хеа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни