Поврзете се со нас

Англија

Де Хеа за одбранетиот пенал: Размислував само за една работа (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Манчестер Јунајтед дојде до трите бода на тешкото гостување во Лондон кај Вест Хем (2-1), а за тоа најзаслужен е голманот Давид Де Хеа кој во судиското продолжение го одбрани ударот од 11 метри на Марк Нобл.

Имено Јунајтед дојде до водство од 2-1 преку Лингард во 89 минута, но „чеканите“ не се откажаа и во самата завршица се изборија за пенал откако со рака играше Лук Шо. Домаќините или поточно нивниот тренер Мојс се одлучи да ризикува и во игра го стави капитенот Нобл и тоа само за да ја изведе најстрогата казна, меѓутоа тоа се покажа како сосема погрешно затоа што Де Хеа го прочита и стана херој на „црвените ѓаволи“.

Мојс излезе со објаснување откако Де Хеа му ја упропасти пенал тактиката во 94. минута

Шпанецот беше пресреќен, па по средбата се обиде да ја објасни таа клучна одбрана вредна три бода.

-Беше последна минута, јас одбранив. Големи три бода за нас. Низ мојата глава ми се вртеше „мораш да одбраниш“. Беше тежок меч, двете екипи имаа шанси, Џеси даде одличен гол. Масивни три бода, во соблекувалната кажавме дека трите бода се најважната работа, -истакна Давид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни