Италија
Де Хеа со кратка изјава за состојбата на Бове по излегувањето од болница (Видео)
Едоардо Бове ја загрижи цела Италија со колапсот кој го доживеа на „Артемио Франки“, но благодарение на брзата реакцијата на играчите и медицинските лица, младиот фудбалер брзо беше вратен во живот и итно пренесен во најблиската болница.
Најдобра можна вест по сите детални испитување беше тоа што Бове не претрпен срцеви и невролошки оштетувања поради губењето свест, а откако цела ноќ ја минал мирно во болничкиот кревет, утрово бил ослободен од фармаколошката седација и бил екстубиран.
Угледните италијански медиуми открија дека Бове е буден и контактибилен во Универзитетската болница Кареџи, по што новинарите успеаја да извлечат и по некоја изјава од соиграчите кои попладнево биле да го посетат својот пријател.
Еден од првите кои излегол од болницата бил искусниот шпански голман Давид Де Хеа, кој на новинарите со кратка изјава и гестикулација им потврдил на новинарите дека Бове е многу подобар.
– Тој е во ред, – изјавил Де Хеа, кој запрашан дали Едоардо е буден, одговорил позитивно со климање на главата.
👍🟣 David de Gea porta algo de tranquilidad sobre las condiciones de Edo Bove. pic.twitter.com/8QpVgRAS4D
— ACF Fiorentina (@Sp_Fiorentina) December 2, 2024
-
Светски првенства17 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија22 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот