Поврзете се со нас

Англија

Де Хеа се огласи на објавата на Бруно и го „поздрави“ Кин (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчесер Јунајтед повторно имаше едно доста скромно издание во Премиер лигата и долго се мачеше на „Кревин Котиџ“, па на крајот дочека момент на инспирација на Бруно Фернандеш кој истапи како капитен и погоди за 0:1.

Голот во 91-та минута беше доволен за минимална и важна победа за „црвените ѓаволи“, а со оглед на резултатската криза во која западнаа, истата се славеше и на социјалните мрежи.

Бруно се огласи на Инстаграм со објава поврзана за тесната победа во Лондон, но еден коментар предзивика посебно внимание бидејќи дојде од Давид Де Хеа.

Рој Кин минатата недела уште еднаш нагласи дека Бруно не е вистински капитен за Јунајтед и дека треба да му биде одземена лентата, а Де Хеа јасно го прозва легендарниот Ирец со својот коментар.

– Ти не си вистинскиот капитен, – порача Де Хеа, додавајќи и емотикон со затната уста.

Овој коментар на Де Хеа воопшто не треба да чуди кога е во прашање Рој Кин, бидејќи Ирецот минатата сезона беше еден од најгласните кои бараа смена на голманската позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни