Поврзете се со нас

Свет

Де Хеа ќе се спои со Ракитиќ во Саудиска Арабија

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Иван Ракитиќ ја напушта Севилја и се сели во Саудиска Арабија во редовите на Ал Шабаб, тим во кој за брзо време може да добие познато друштво.

Имено повеќе медиуми известуваат дека Ал Шабаб е во преговори за ангажман на искусниот шпанскиот голман Давид Де Хеа кој е без ангажман откако си замина од Манчестер Јунајтед.

Де Хеа подолго време чекаше понуда која ќе му овозможи да биде дел од најквалитетните лиги, елитниот фудбал, меѓутоа иако имаше одредени информации, вести ништо не се случи и како што стојат работите на крајот ќе заврши на Блискиот Исток.

Ал Шабаб е доста амбициозен во овој период, па се поврзува и со Мигел Алмирон од Њукасл, но и со Хаким Зијеш кој во моментов е на позајмица во Галатасарај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни