Поврзете се со нас

Свет

Де Хеа ќе му се врати на фудбалот по пауза од една година

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Давид Де Хеа се раздели со Манчестер Јунајтед минатото лето, па иако неговото име се поврзуваше со доста клубови тој не пронајде ангажман што е навистина чудно со оглед на неговиот квалитет, реноме, но и фактот што има 33 години.

Меѓутоа по пауза од една цела сезона, година Шпанецот може да се врати на сцената и тоа со ангажман во Саудиска Арабија. Новинарот Руди Галети информира дека Ал Шабаб и уште еден неименуван клуб од Арабија се во контакт, преговори со Де Хеа.

Давид кариерата ја започна во Атлетико Мадрид по што во 2011 се пресели на „Олд Трафорд“ каде настапуваше повеќе од една деценија, стана миленик на навивачите, а во еден период ја носеше и капитенската лента.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни