Англија
Де Хеа ги посочи петте најдобри играчи со кои играл во Јунајтед

Давид Де Хеа најголемиот дел од својата досегашна кариера ја мина во редовите на Манчестер Јунајтед, клуб во кој настапуваше со успех од 2011 до 2023 година, период во кој значаен дел во освојувањето на титули во Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд и Лига Европа.
Низ тие 12 години Шпанецот имаше можност да соработува, да ја дели соблекувалната и теренот со многу квалитетни играчи, но според него неколкумина се издвојуваат, поточно се најдобри.
-Ван Перси, Кристијано Роналдо, Руне, Ибрахимовиќ и Лукаку. Кога не постигнуваа голови против мене на тренинг, тие беа фрустирирани, -вели Де Хеа кој сега е дел од Фиорентина каде ужива и сака да остане и во иднина во Фиренца.
-Потпишав на една година и клубот има опција за продолжување. Среќен сум во Фиренца и во Фиорентина, но прво треба да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин. Градот е прекрасен, а луѓето се неверојатни. Клубот има уникатна историја, а Франки ме возбудува. Прекрасно е и страсно. Веднаш и кажав „ДА“ на Фиорентина, Серија А секогаш ме привлекувала.
-Ми се допаѓа сè, почнувајќи од Виола Паркот [тренингот на Фиорентина], каде што живеев првите неколку месеци. Претседателот Комисо и тренерот Паладино имаат визија; постои цврста врска. Сакаме да притискаме што е можно повеќе за да обезбедиме место во Европа и да се обидеме да ја освоиме Конференциската лига, -порача Шпанецот за „Ла Република“.
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА13 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони7 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)