Поврзете се со нас

Франција

Де Ѕерби збеснал по последниот пораз на Марсеј: Немате мадиња, ме пониживте…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/OlympiqueMarseilleENG

Олимпик Марсеј покажува две сосема различни лица кога се во прашање натпреварите во Лига 1 во актуелнава сезона, игра фантастично на гостински терен со освоени 15 од вкупно 18 бодови и катастрофално на својот „Велодром“ со само еден триумф во пет натпревари.

На последниот натпревар како домаќин Марсеј беше преслушан од аутсајдерот Оксер со 3-1, а тоа дефинитивно го разбесни стратегот Роберто Де Ѕерби.

Де Ѕерби беше разорачан и порача дека е подготвен да си замине ако тој е проблем и тоа без притоа да бара обештетување, никакви пари.

Де Ѕерби бесен по новиот пораз: Подготвен сум да си заминам, парите не ми значат ништо

Ова беше пораката до јавноста, а претходно Италијанецот ги подбрал играчите во соблекувалната, а неговите зборови ги пренесува „Атлетик“.

-Немате мадиња, ме пониживте вечерва, го пониживте клубот, -порачал Роберто кој му се обратил директно на капитенот Леонардо Белерди.

-Ти од сите овие луѓе имаш најмалку мадиња. Не сум тука поради парите, тоа веќе ви го кажав, тука сум поради тоа што претставува овој клуб и колку го сакам фудбалот. Ме изневериве, сите ги разочаравте, -порачал стратегот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни