Поврзете се со нас

Франција

Де Ѕерби за мисијата во Марсеј: Главната цел е да му парираме на ПСЖ

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialBHAFC

Олимпик Марсеј направи многу тренерски смени изминатите неколку години, а во новата сезона на клупата ќе седи Роберто Де Ѕерби.

Италијанскиот стручњак реши да замине од Брајтон и да се пресели во Франција, каде меѓу другото ќе соработува со Фабрицио Раванели, легендарниот сонародник кој има улога на советник во актуелниот менаџмент на клубот.

Де Ѕерби е свесен за предизвикот, а вели дека крајната цел е Олимпик да му биде достоен ривал на ПСЖ.

– Нашата главна амбиција е да му парираме на ПСЖ, во спротивно нема што да барам на клупата на Олимпик.

– Во моментов се уште сме „проект во изградба“, но целта е јасна и треба да биде така, никој во клубот не треба да заборави што е главната амбиција на долг рок.

– Нема да давам храбри изјави, минатата сезона екипата заврши на осмото место и нема да игра ниту во Конференциската лига. Мора да бидеме тивки, скромни и да работиме напорно. Имаме квалитетен состав и посакувам да ги направиме горди нашите фанови, – рекол Де Ѕерби.

Италијанецот го искоментирал и трансферот на Мејсон Гринвуд.

– Гринвуд беше првиот фудбалер на кого му се јавив. Зборував со неговиот татко кој е на слична возраст со мене и го предупредив дека Олимпик Марсеј е специјален клуб, – рекол Де Ѕерби.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни