Поврзете се со нас

Англија

Де Ѕерби потврди дека двајца фантастични играчи си одат од Брајтон по големата победа над Арсенал

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialBHAFC

Роберто Де Ѕерби презема педантен и воигран тим од Грем Потер, но реалноста е дека италијанскиот стручњак го однесе Брајтон уште едно скалило погоре, па сега овој тим е во битката за излез во Европа.

По вчерашната голема победа на „Емирејтс“ против Арсенал, Брајтон се искачи на шестото место на табелата кое гарантира настап во Лигата на Европа наредната сезона, па огромното задоволство кај гостите донесе и една реална изјава од менаџерот Де Ѕерби.

Италијанецот е свесен дека неговиот тим ќе претрпи промени ова лето после неверојатната сезона во англиската елита, па по победата над Арсенал од 0:3 потврди дека двајца сигурно си заминуваат, но именуваше уште двајца кои очекува да останат.

– Сигурно е дека ќе загубиме неколку играчи ова лето, најверојатно Каиседо и МекАлистер. Тоа значи дека мора да бидеме подготвени за летниот преоден рок.

– Мора да донесеме други добри играчи во тимот, но и да задржиме играчи како Митома и Еступињан. Мислам дека најдобро за нив двајца ќе биде да останат со нас, тоа е најдоброто решение за нив. Тука имаме добра подлога за нив, им нудиме можност да направат прогрес, – изјави Де Ѕерби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни