Поврзете се со нас

Англија

Де Ѕерби без влакна на јазикот: Не ми се допаѓаат 80 проценти од англиските судии

Објавено

на

Брајтон не дојде до посакуваниот резултат во соочувањето со Шефилд Јунајтед, средба во која домаќините долго време водеа со 1-0, но на крајот мораа да се задоволат само со бод затоа што Вебстер си постигна автогол во 74 минута (1-1).

Ова израмнување дојде откако „галебите“ останаа со играч помалку на теренот, одлука која не му се допадна на менаџерот Роберто Де Ѕерби кој по средбата беше многу искрен, отворен и кажа што искрено мисли за англиските судии.

-Јас сум искрен и јасен, не ми се допаѓаат 80 проценти од англиските судии. Не ми се допаѓа нивното однесување на теренот.

-Англија е единствената земја каде што кога има ВАР, не сте сигурни дека одлуката е правилна. Во другите земји мора да бидете сигурни дека судијата е 100 проценти во право. Во Англија не, тоа не можам да го разберам, -порача Италијанецот кој од 2022 година го води Брајтон, тим кој по 12. кола е на 8. место во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни