Поврзете се со нас

Франција

Де Ѕерби бесен по новиот пораз: Подготвен сум да си заминам, парите не ми значат ништо

Објавено

на

Foto:x.com/OM_Officiel

Марсеј тргна ветувачки во новата натпреварувачка сезона и на старт се доби впечаток дека ќе може да го предизвика шампионскиот тим на ПСЖ, но последните три натпревари на домашен терен донесоа огромно незадоволство на „Велодром“.

По ремито со Анже, следеше убедлив пораз од ПСЖ со резултат 0:3, а вчеравечер Марсеј пред своите гледачи беше поразен и од Оксер кој постигна три гола во првиот дел.

Трите лоши резултати на домашен терен јасно укажуваат на тоа дека играчите на Роберто Де Ѕерби имаат проблеми да се справат со притисокот, па така италијанскиот стручњак е подготвен и да си замине, особено ако некој во раководството смета дека тој е главниот проблем за таквиот менталитет.

– Мора да преземам одговорност за овој пораз на домашен терен. Имаме потешкотии кога играме дома и тоа станува се појасно. Не знам дали ова е недостаток на храброст или карактер.

– Дојдов во Марсеј за да играм на „Велодром“, сакав да го доживеам тоа искуство. Ако проблемот е кај мене, подготвен сум да си одам. Ќе си одам без да ги побарам парите од договорот, навистина не ми е грижа за тоа. Не сакам да се бараат изговори и да се зборуваат глупости. Ако се прашувам јас, не планирам да избегам, подготвен сум да се соочам со реалноста.

– Мора да најдам решение и ќе се борам за тоа, моја работа е да споделам нешто добро за играчите. Ќе повторам уште еднаш, ако јас сум проблемот, подготвен сум да си одам. Парите не ми значат ништо, за мене најважно е да има задоволни од мојата работа, – изјави Де Ѕерби по поразот од 1:3.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни