Поврзете се со нас

Европски првенства

Де Бур: Знаевме во што Украина е најдобра, моравме…

Објавено

на

Репрезентацијата на Холандија имаше победнички старт на Европското првенство и тоа во пресметката со Украина која ја реализираше со 3-2.

„Лалињата“ поведоа со 2-0 за да потоа му дозволат на противникот за кратко време да дојде до израмнување, но токму тие го имаа последниот збор и на крајот преку Дамфрис се изборија за драматично славје и први три бода во групата во која се нашата селекција и Австрија.

-Знаевме дека Украина е многу добра, особено во контранапади. Тие секогаш наоѓаат решение за тоа. Беше потребно да не им се даде можност да играат на тој начин. Задоволен сум од победата, -истакна селекторот Франк Де Бур во својата прва изјава за дуелот во Амстердам.

На другата страна пак Андриј Шавченко е задоволен од реакцијата на неговите момци, ама не и од резултатот.

-Покажавме вистинска реакција. Можевме да се предадеме на 2-0 за нив, но тоа не се сторивме. Благодарност до играчите за тоа. Ова беше многу возбудлив натпревар со многу можности на двете страни. По се јас не сум незадоволен,  -изјави Шевченко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни