Поврзете се со нас

Европски првенства

Де Бур за тоа дали Ван Дајк ќе игра со Македонија на ЕП: Има уште осум недели…

Објавено

на

Вирџил Ван Дајк веќе подолго време е надвор од фудбалските терени по тешката повреда која ја заработи на дуелот против Евертон во Премиер лигата.

Процесот на негово закрепкување е во тек, работи напорно за да биде фит и подготвен, но понатаму постои дилема дали во актуелнава кампања ќе може да се врати за да потоа и игра за Холандија на Европското првенство.

На тренерот Јирген Клоп таа идеја не му се допаѓа од проста причина што сака стоперот целосно да се оправи и да се избегне било каков ризик од нова повреда, меѓутоа по се изгледа во моментов се е отворено и тоа се заклучува по изјавата на предводникот на „лалињата“, Франк Де Бур.

-Знаеме дека му остануваат осум недели. Не знам дали е доволно. Јас разговарав со него, тој е повторно на теренот. Ама секогаш може да има назадувања. Ако една или две недели има проблеми тоа ќе значи дека нема да може да игра за Ливерпул во оваа сезона. Тогаш можам да замислам дкако велат: „Се е убаво, ама мораш да се фокусираш на следната сезона“. На крајот на краиштата, тој самиот мора да има добро чувство. Мило ми е што е на вистинскиот пат, -рече холандскиот селектор.

Да посетиме Холандија е во нашата група за ЕП заедно со Украина и Австрија. Пандев и компанија ќе ги одмрат силите со Холанѓанеците на 21 јуни во Амстердам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни