Поврзете се со нас

Шпанија

Де Бур: Ова што му се прави на Куман е големо непочитување

Објавено

на

Роналд Де Бур дел од својата играчка кариера ја мина во Барселона и добро знае каков притисок може да се создаде на „Камп Ноу“, нешто со што во овој момент се соочува неговиот сонародник кој е на клупата на каталонскиот гигант.

Роналд Куман се наоѓа под сериозен притисок од јавноста и веќе медиумите почнаа да бараат негова замена по ремито кое го оствари Барса вчера против Гранада, вести кои го изреволтираа еден од двајцата браќа Де Бур.

Холаѓанецот потенцира дека медиумите во Шпанија покажуваат големо непочитување кон Куман и искрено се надева дека Лапорта ќе одолее на сите притисоци и ќе има трпение со актуелниот превдодник на првиот тим.

– Барселона е во многу тежок момент и тоа е очигледно. Жално е да се гледа Барса во ваква ситуација, но сега треба да се размислува на добар начин. Мора да се размислува мирно, да не се избрзува. Има нови играчи и мора да се има трпение.

– Куман мора да продолжи, мора да добие шанса. Сметам дека е добар тренер, а неговото срце е обоено во боите на Барселона. Сигурно ќе има успех ако добие вистинска шанса. Вестите кои излегуваат веќе се јасно непочитување кон тренерот. Иако секој може да има свое мислење, ова ги надминува границите. Се надевам дека претседателот ќе има трпение, – вели Де Бур.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни