Свет
Де Бур направи споредба меѓу Де Јонг и Де Лихт и посочи кој минал подобро во новиот клуб
Во шпанската и холандската јавност на големо се пишува дека Барселона не го користи комплетниот потенцијал на Френки Де Јонг поради тоа што тренерите не го играат на неговата вистинска позиција, но и покрај тоа, Роналд Де Бур смета дека играчот за врска далеку подобро се адаптираше во новата средина од неговиот сонародник и доскорашен соиграч.
Де Јонг и Де Лихт како најголеми млади ѕвези на Ајакс направија трансфери изминатото лето, со тоа што Френки слета на „Камп Ноу“, а Матијс изненадувачки потпиша за Јувентус откако се чинеше дека и тој е на пат кон Барселона.
Де Бур како човек кој добро ги познава двајцата и како поранешен играч на Барса, вели дека Де Јонг имал подобра аклиматизација во новиот тим и го посочи како играч кој треба да го наследи Серхио Бускетс.
– Луѓето зборуваат дека не го достигна нивото на игра како во Ајакс од минатата сезона, но исто така цел свет гледа дека игра без престсан во Барселона, во тим исполнет со толку звучни имиња. Мислам дека му оди добро. Од друга страна, може да се заклучи дека на Де Лихт му одеше доста потешко кога цел свет мислеше дека ќе биде стандарден и регуларен во тимот, – вели Роналд.
– Де Јонг е многу добар за своја прва сезона. Не е природно да игра на крилна позиција во средината, но се гледа дека тој е играч со голем карактер и дека одговара на потребите на тимот. Тој ќе биде фантастичен наследник на Бускетс, – заклучува Де Бур.
-
Англијапред 20 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 19 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 22 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)