Де Бур експресно му одговори на Мурињо: Можеби јас сум најлош тренер, но…

debur3

Жозе Мурињо вчера се најде во центарот на вниманието откако го нарече Франк де Бур „најлошиот менаџер во историјата на Премиер лигата“, а поранешниот холандски репрезентативец не требаше да чека предолго за да одговори на оваа изјава.

Разочарувачката елиминација на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите му отвори одлична можност на Де Бур да му одговори на „специјалниот“ и тоа во живо на телевизиското гостување во „БеИН Спортс“.

– Мурињо може да каже дека јас сум најлошиот менаџер во историјата на Премиер лигата. Сепак, вечерва видовме менаџер кој во кариерата потрошил 1 милијарда евра за трансфери, а неговите екипи играат на ваков начин, – истакнал Де Бур.

Facebook Коментари