Шпанија
Де Бур: Да беше обичен клуб, Барселона досега ќе исчезнеше од фудбалската мапа!

Жоан Лапорта ги искористи сите можни алатки за да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, а откако наиде на негативен одговор од Ла Лига и шпанската Федерација, првиот човек на Барселона наиде на разбирање од владиното тело.
Врховниот суд за спорт во Шпанија дозволи привремена регистрација на двајцата играчи и го означи Лапорта како победник во тешката битка со двете најважни фудбалски тела на Пиринеите, одлука која секако донесе и низа негативни реакции во јавноста поради попустливоста во дадениот случај.
Голем број прволигаши се јавија со реакции и обвинија дека секогаш се носат одлуки во корист на двата најголеми клуба во Шпанија, но интересно во ист тон продолжува и некогашен играч на Барселона.
Роналд Де Бур жестоко распали и не ја криеше фрустрацијата од се она што ја следи Барселона во изминатите неколку години, потенцирајќи дека во нормални услови, каталонскиот гигант би требал да згасне поради лошото функционирање и неликвидноста.
– Од една страна, за мене срцепарателно е ова што и се повторува на Барселона, но од друга страна, ова е разочарувачки за останатите клубови кои се обидуваат да работат според правилата и кои се обидуваат да бидат праведни. Барселона изгледа дека уште еднаш се извлекува од незгодна ситуација, но ако гледаме реално, вистинска лудост е што се случува тоа. Да беше нормална компанија, или обичен клуб, Барселона одамна ќе прогласеше банкрот, или ќе исчезнеше од мапата…..
– Барселона го загуби интернационалниот углед веќе неколку години наназад, работите во клубот се претворија во вистинска сапуница. Барселона искористи се што може за да може да го пријави Олмо. Лапорта никогаш не бил под поголем притисок, сметам дека цела оваа ситуација околу регистрацијата е апсурдна. Не знам како ќе заврши цела оваа ситуација, но жално е што голем клуб како Барселона постојано мора да се потпира на вакви лудории за да избегне најлошо сценарио, – потенцира Де Бур.
-
НБА14 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Англија14 часа
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата
-
Лига на шампиони11 часа
Капело му постави непријатно прашање на Консеисао, тренерот на Милан ја објасни својата неочекувана одлука
-
Шпанија10 часа
Деко за ѕвездата на Барса која неодамна потпиша договор: Ако во блиска иднина се премисли, вратите ќе му бидат отворени
-
Англија13 часа
Ван Дајк откри што му порачал на Оливер по последниот судиски свиреж
-
Англија15 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Лига на шампиони8 часа
Пеналот во ЛШ ја крена на нозе цела Италија: Завршивме со фудбалот! (Видео)
-
Англија10 часа
Слот шокиран од Оливер: Откриени зборовите кои му ги испратил на судијата откако доби црвен картон (Видео)