Поврзете се со нас

Англија

Де Брујне за односот со Гвардиола: Многу работи беа кажани…

Објавено

на

Манчестер Сити ја прекина серијата на лоши резултати и тоа против Нотингем Форест кого го совлада со 3-0 за прва победа во Премиер лигата, но и во останатите конкуренции уште од месец октомври.

Играч на натпреварот беше искусниот Кевин Де Брујне со гол и асистенција, меч по кој имаше можност да проговори за односот со менаџерот Пеп Гвардиола и информациите дека постои некој проблем меѓу нив зошто не игра, зошто влегува само од клупата и има таква мала минутажа, нешто што не се повтори против „шумарите“ каде беше стартер и играше до 74 минута.

-Знам дека многу е кажано. Никогаш немало проблеми меѓу мене и Пеп. Тој знае дека се мачев. Болно е и непријатно – сакам да се вратам на теренот. Се чувствував добро на почетокот на сезоната. Работам напорно за да се вратам со моето тело. Можеби тоа ќе биде нагоре-надолу од сега. Се надевам дека ќе можам да се вратам во моето тело без многу болка и тогаш ќе бидам добро, -порача Белгиецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни