Поврзете се со нас

Англија

Де Брујне во стилот на Салах: Ако нема преговори со Сити, тогаш…..

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity
Foto:x.com/ManCity

Кевин Де Брујне му правеше друштво на Пеп Гвардиола на денешниот прес по повод утрешниот натпревар со Феенорд во Лигата на шампиони, а една од најинтересните теми беше онаа поврзана за неговиот актуелен договор.

Истиот истекува на крајот од сезоната и Белгиецот е во ситуација да преговара со било кој друг клуб од стартот на месец јануари, па доколку не се промени нешто драстично во брзо време, Кевин можеби ги игра и своите последните месеци како играч на Манчестер Сити.

Ако се суди според неговата изјава, истата оди во ист тек како онаа на Мо Салах, па затоа англиските медиуми се погласно пишуваат дека Премиер лигата ќе остане без две големи ѕвезди наредната сезона.

– На стартот на сезоната знаев дека ќе мора да има преговори со претставниците на клубот, но потоа се повредив и го оставив тоа за подоцна. Не сум опседнат со преговорите и новиот договор, немам што многу да говорам на таа тема. Среќен сум и само сакам да играм фудбал. Ќе има преговори, но ако на крајот не дојде до нив, ова ќе биде моја последна година во Манчестер Сити. И да биде така, јас не сум загрижен на оваа тема, – изјави Де Брујне, по што со став се јави и Гвардиола.

– Со Кевин мислам дека ќе биде како со Давид Силва и со такви важни играчи. Конечната одлука ќе ја донесе самиот играч. Повеќе од сигурен сум дека ќе биде искрен. Сака да заврши во Манчестер Сити во најдобра форма, тоа ќе биде или оваа сезона, или наредната. Сигурен сум дека нема да биде дел од тимот кога ќе смета дека не може да ги понуди игрите од последните десет години, – изјави Пеп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни