Поврзете се со нас

Европски првенства

Де Брујне тргна да ги поздрави фановите, па режираше непопуларен потег кој му донесе многу критики (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/BelRedDevils

Кевин Де Брујне доби многу критики по поразот кој го претрпе Белгија во првото коло, но ѕвездата на Манчестер Сити одговори со две МВП изданија на следните два меча на Еврпското првенство.

Де Брујне вторпат во низа беше избран за најдобар играч на натпреварот на турнирот во Германија, но пред да го добие признанието, капитенот на Белгија и тоа како им се налути на сопствените навивачите.

Белгија денеска се одбрани од завршните налети на Украина и со многу среќа обезбеди нокаут фаза на Европското првенство, а неубедливата игра ги натера навивачите да ги исвиркуваат своите фудбалери.

Тоа го налути Де Брујне и капитенот им нареди на своите соиграчи воопшто да не одат да ја отпоздрават големата армија белгиски навивачи, па овој непопуларен потег му донесе дополнителни критики.

Како што информираат медиумите кои се на лице место, Де Брујне бил исвиркан поради својот потег, па навивачите му скандирале погрдни песни додека го добивал МВП признанието од УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни