Англија
Де Брујне сам обелодени дали ќе може да настапи на клучниот меч против Вест Хем
Кевин Де Брујне вчера повторно беше клучен фактор во една голема победа на Манчестер Сити, бидејќи токму Белгиецот го проигра Ерлинг Халанд при водечкиот гол за шампионот во Северен Лондон.
Офанзивниот фудбалер го пронајде Халанд кој без проблеми ја смести топката во мрежа, а после голот за 0:1, беше јасно дека гостите од Манчестер се многу поблиску до посакуваната цел.
До крајот на мечот, Халанд постигна и втор гол од пенал за 0:2, додека Де Брујне не можеше да го доигра мечот бидејќи заработи повреда и беше изваден од Пеп Гвардиола.
Белгиецот беше нагазнат и доби непријатен удар, но сега самиот ги смири фановите и најави дека најверојатно ќе може да настапи на натпреварот во последното коло против Вест Хем.
– Мислам дека сум добро. Стапалото ми е отечено, но се е во ред. Во прв момент се почувствував како некој да ме прободе со нош, но тоа е само удар, не е ништо лошо. Ќе бидам добар за недела, – изјави Де Брујне за „Скај Спортс“.
-
Италија7 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија7 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија8 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија8 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Балкан6 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Италија5 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Шпанија10 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Свет5 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!