Поврзете се со нас

Европски првенства

Де Брујне реален: Нема да бидеме фаворити против Франција

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Белгија ја оствари првата цел и ја мина групната фаза на Европското првенство, но многу потешко од очекувањата со оглед на тоа што до последен момент стравуваше дека може да биде елиминирана.

„Црвените ѓаволи“ важеа за први фаворити во конкуренција на Романија, Словачка и Украина, меѓутоа на крајот го освоија второто место во групата во која сите четири селекции имаа по четири освоени бодови, па одлучуваше гол разликата.

Следен предизвик за Белгија е Франција, репрезентација со двајца квалитетни играчи на секоја позиција, па Кевин Де Брујне им ја препушти фаворитската улога на избраниците на Дешамп.

-Нема да бидеме фаворити против Франција, но знаеме дека треба да одиграме најдобро на турнирот. Среќен сум, ние сме квалификувани. Заслуживме да победиме. Почнавме добро со притисокот, но ефикасноста ја немаше. Не функционираше добро нападот и покрај неколкуте удари, -истакна Кевин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни