Свет
Де Брујне предвидува голем проблем за една година: Парите се позвучни од гласот на фудбалерите!
Кевин Де Брујне се поврзуваше со трансфер во Саудиска Арабија на почетокот на ова лето, но такви гласини брзо стивнаа и белгискиот репрезентативец ќе го гледаме во тимот на Пеп Гвардиола најмалку уште една сезона.
Де Брујне продолжи онаму кадешто застана минатата сезона и повторно е клучен играч во системот на шпанскиот стручњак, но во меѓувреме, остана речиси единствената голема ѕвезда која ја претставува репрезентацијата на Белгија на сите големи настани.
Де Брујне вчера постигна два гола против Израел и уште еднаш ја потврди својата класа, но по мечот говорел за напорната сезона која следи во Европа, а која ќе заврши и со нов формат на Светското клупско првенство.
– Можеби оваа сезона ќе ја завршиме како што треба, но главниот проблем ќе следи догодина на стартот на сезоната. Знаеме дека од финалето на Светското клупско првенство до првото коло во Премиер лигата ќе одминат само три недели. Следната година очекувам проблеми.
– Асоцијацијата за професионални фудбалери бара решенија за да се реши проблемот, но ФИФА и УЕФА само додаваат екстра натпревари. Колку и да покажуваме загриженост, засега нема никакво решение. Изгледа дека парите се позвучни од гласот на фудбалерите, – изјави Де Брујне.
-
Шпанија18 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Англија21 час
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Евролига5 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Свет21 час
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
Македонија19 часа
Алкалоид со нова „40-ка“ до „седум од седум“ во Суперлигата
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ и Федерер имаа блиска средба во Шангај: Кај си стари? (ВИДЕО)
-
Италија17 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Италија7 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете