Поврзете се со нас

Европски првенства

Де Брујне по конфликтот со белгиските фанови: Ќе кажам само една работа…

Објавено

на

foto: x.com/BelRedDevils

Белгија не успеа да ја победи Украина, но и ремито без голови беше доволно за пласман во нокаут фазата во која за ривал ќе ја имаат селекцијата на Франција.

Белгијците со победа ќе го освое првото место и ќе налетаа на сосема друг противник, па навивачите не беа задоволно од играта во самиот финиш, па испратија свирежи на сметка на играчите.

Ова не му се допадна на капитенот Кевин Де Брујне кој побара од соиграчите да не одат да ги поздрават сонародниците, потег со кој не се прослави и дополнително беше исвиркан кога ја доби наградата за играч на натпреварот.

Де Брујне тргна да ги поздрави фановите, па режираше непопуларен потег кој му донесе многу критики (Видео)

Тој по средбата се обиде да ја спушти топката и порача:

-Се обидовме да го добиеме натпреварот. Имавме можности за гол, но не ризикувавме со корнер бидејќи знаевме дека може да примиме гол. Ако тоа се случи, вие сте надвор од ЕП. Штета што не успеавме да постигнеме гол претходно, имавме можности, потоа потребно е само навивачите да останат со нас.

-Ни требаат овие навивачи. Ќе ни требаат против Франција. Тоа е се што имам да кажам. Тие ни се потребни. Не знам што друго да кажам. Ни требаат  навивачите. Ќе ни требаат против Франција. Ни требаа во последните три натпревари. Тоа е тоа, -подвлече ѕвездата на Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни