Англија
Де Брујне: Ова никогаш не сум го доживеал во кариерата

Кевин Де Брујне веќе неколку месеци е надвор од терените и останува неизвесно кога тој ќе може да се врати и да му помогне на Манчестер Сити и на неговата Белгија.
Офанзивецот мораше да оди „под нож“ за да го санира сериозниот проблемот со мускулот. Кевин е во процес на закрепнување, а за „ХБВЛ“ откри како се чувствува, но и посочи главната причина за повредата.
-Никогаш досега не сум го доживеал ова, никогаш не сум имал толку сериозна повреда. Операцијата за оваа повреда исто така не е многу честа појава. По натпреварот против Барнли направивме снимки, се консултиравме со неколку хирурзи и сите тие рекоа дека ми е потребна операција.
-Веќе поминаа три месеци и се оди многу добро, се е на добар пат. Операцијата ја направи Герт Деклерк. Сити е во секојдневен контакт со него и Ливен. Ама не ми дадоа рок кога повторно ќе можам да играм фудбал.
-Сакаат се да биде целосно во ред кога ќе започнам. Ова е повреда поради последователните натпревари и ризиците што ги преземав во текот на целата моја повреда. Веќе имам повеќе од 700 натпревари. Всушност, можете да го споредите со автомобил што некогаш мора да оди во „бокс“ поради големо одржување, -истакна Белгиецот.
-
Англијапред 21 час
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 20 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 7 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 23 часа
Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)
-
Англијапред 5 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Светпред 6 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 17 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Светпред 17 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година