Поврзете се со нас

Англија

Де Брујне отворен за сензационално заминување од Сити: Зборуваме за голема сума на пари…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Кевин Де Брујне одново имаше значаен учинок во шампионската титула која ја освои Манчестер Сити во Премиер лигата, но неговата иднина во тимот на Пеп Гвардиола е понеизвесна од било кога.

Искусниот белгиски играч за врска влезе во последната година од договорот со „граѓаните“ и постојат реални шанси да направи трансфер ова лето, особено поради фактот што на маса има понуди од егзотични земји како Саудиска Арабија.

Белгискиот репрезентативец во моментов е насочен само кон она што следи на Европското првенство, но во изјава за домашните медиуми не криеше дека заедно со семејството размислува за понудите од Саудиска Арабија.

– На оваа возраст, мора да бидете отворени на се. Зборуваме за големи суми на пари кои можам да ги заработам во завршната етапа од мојата кариера. Понекогаш мора да размислите на такво нешто, – искрено признава 32-годишниот Де Брујне.

– Мишел (неговата сопруга) нема ништо против егзотична авантура, веќе имаме такви разговори по дома. Ми преостанува уште една година од договорот, па треба веќе да мислам што може да се случи. Мојот највозрасен син има осум години и ја познава само Англија. Повремено ме прашува уште колку ќе играм за Манчестер Сити, па кога ќе дојде време, ќе мора да реагираме на одреден начин, – потенцира Кевин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни