Поврзете се со нас

Англија

Де Брујне откри кога ќе се врати на терените: Ако се биде како што треба…

Објавено

на

Кевин Де Брујне веќе со години е еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, но во актуелнава сезона нема никаков придонес, поточно повредата го оневозможи да биде активен во изминативе месеци и сигурно неговиот кам-бек на терените ќе биде супер вест за „граѓаните“.

Тоа негово закрепкување се движи во најдобар ред и ако нема некој проблеми тој ќе му се стави на располагање на тренерот Пеп Гвардиола на почетокот на 2024 година.

-Моето закрепнување оди добро. Имам уште време, но ќе бидам добро. Се надевам дека ќе се вратам набргу по Нова година, ако се биде како што треба, -истакна Белгиецот кој во живо ја проследи Ф1 трката во Абу Даби.

-Долго време следам Формула 1 и особено Макс. Секако дека е мој фаворит. Каква сезона имаше! Ако можам, седам пред телевизорот да ги гледам трките. Ама секако тука на лице место е многу повозбудливо бидејќи го доживувам одблиску. Ако ми се укаже шанса како претходно дефинитивно ќе посетам уште едно гран при, -порача Кевин за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни