Поврзете се со нас

Европски првенства

Де Брујне откри дека се уште има последици од бруталниот удар во финалето во ЛШ: Не чувствувам ништо

Објавено

на

Кевин Де Брујне направи главна разлика на теренот по влегувањето во игра и донесе победа за Белгија на натпреварот против Данска, на кој мора да се признае дека домаќините во ниту еден случај не заслужија да останат без ниту еден бод.

Данците први поведоа, создадоа уште неколку стопроцентни шанси за гол кои не ги искористија, доминираа во секој поглед во првото полувреме, но потоа во игра влезе големата ѕвезда на Манчестер Сити и со извонредна асистенција и уште поубав гол донесе победа за Белгија од 1:2.

Де Брујне покажа класа и не го славеше погодокот поради почит кон Кристијан Ериксен и данските фудбалски фанови, а по мечот откри дека се уште не е комплетно опоравен од ударот кој го доби од Ридигер во големото финале во Лигата на шампионите, со тоа што му најавиле дека ќе се рехабилитира уште шест месеци.

– Мојата реакција по голот беше покажување респект кон Ериксен. Немаше логика да се слави тој гол, доживеавме навистина емотивни денови, – порача Де Брујне и додаде.

– Се уште не сум во ред од ударот во финалето во Лигата на шампионите, во изминатите неколку седмици имав подеми и падови. Се уште не чувствувам ништо на левата страна од лицето, се чувствувам како да имам стоматолошка анестезија. Неколку нерви се посериозно оштетени и ми порачаа дека ќе минат најмалку шест месеци пред да се врати се во нормала. Чувствувам страв во дуелите и засега избегнувам удари со глава, што е нормално за оваа фаза од рехабилитацијата, – додаде Белгиецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни