Поврзете се со нас

Европски првенства

Де Брујне оптимист: Нема многу селекции кои сакаат да играат против нас…

Објавено

на

foto:x.com/KevinDeBruyne

Селекцијата на Белгија не е во групата на топ фаворити за пехарот на Европското првенство, но тоа е репрезентација која воопшто не смее да се потцени затоа што е спој на искуство и младост, тим кој е исклучително квалитетен и може да секого да биде опасност.

Тоа многу добро го знае асот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне кој е оптимист во однос на шансите на „црвените ѓаволи“ за добар резултат на турнирот.

-Зошто да не го освоиме пехарот. Ние не сме фаворити, но мислам дека нема многу тимови кои со задоволство ќе играат против нас, бидејќи имаме сосема поинаков стил. Мислам дека играме на многу поинаков начин, со многу млади играчи, можеби сме малку помалку позната земја па мораме да пристапиме поопуштено.

-Мора да ги искористите можностите. Турнир значи зграпчување на моментот. Кога сте во добар момент, можете да растете. Ако го искористите овој момент како тим, може да се случат посебни работи, -порачува Де Брујне.

Белгија е во групата Е заедно со Романија, Украина и Словачка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни