Поврзете се со нас

Англија

Де Брујне: Имам видено само тројца поталентирани играчи од Азар

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Еден Азар не ја дочека шансата да триумфира во Реал Мадрид онака како што замислуваше, а главна причина за тоа беа тешките повреди кои на крајот го принудија да се пензионира.

Белгиецот без многу размислување замина во пензија на 32-годишна возраст и се одлучи да ужива во животот, па додека го прави тоа, останати ѕвезди како Кевин Де Брујне не забораваат да ја споменат магијата која ја имаше неговиот сонародник.

Во интервјуто за „Скај Спортс“, ѕвездата на Манчестер Сити го избра Азар како еден од четирите најталентирани фудбалери кои се појавиле на фудбалската сцена во последните две децении, ставајќи ги пред него само Меси, Роналдо и Нејмар.

– Најдобриот Белгиец кој го имам гледано е Еден Азар, тој беше толку многу добар. Гледајќи го само талентот, тој беше во топ пет после Меси, Роналдо и Нејмар. Немам видено некој друг поталентиран од него освен овие тројца. Во своите најдобри денови, тој беше неверојатно добар.

– Не самошто играше добро фудбал, тоа го правеше со насмевка на лицето. Еден се забавуваше на теренот, играв со него од 16-годишна возраст и можам да ви кажам дека исто така е и извонредна личност. Навистина жално е што повредите не му дозволија да се изнаигра во Реал Мадрид, но често зборувам со него и можам да ви кажам дека ужива во животот, – открива Де Брујне.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни