Поврзете се со нас

Англија

Де Брујне и Халанд стигнаа до хет-трик за едно полувреме против Лутон (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити одигра фуриозно прво полувреме на гостувањето кај Лутон во ФА купот, а истото е одбележано со неверојатен ефект на тандемот Кевин Де Брујне – Ерлинг Халанд.

Норвежанецот го отвори резултатот уште во 3. минута на асистенција на Де Брујне, а истата ситуација се повтори уште два пати до крајот на првиот дел.

Де Брујне замина во соблекувалната со три асистенции, а Халанд со хет-трик, додека единствена утеха за домашните фанови е голот на Лутон за 1:3 во завршницата на првиот дел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни