Англија
Де Брујне и Гвардиола за играчот кој фаќа залет во Сити: Има нешто посебно да му помогне на тимот
Манчестер Сити со победа ја заврши 2024 година, а со победи ја отвори 2025 и тоа против Вест Хем кој настрада на „Итихад“ со 4-1.
„Граѓаните“ делуваа посигурно, беа поефективни пред голот на противникот, нешто што им недостасуваше во изминатиов период. Играчот кој го одбележа мечот со „чеканите“дефинитивно беше младиот Савињо кој забележа две асистенции, а одигра и клучна улога при автоголот на Цуфал.
Бразилецот претходно беше одличен и против Лестер со гол и асистенции, а беше расположен за игра и против Евертон.
-Мислам дека главата му е чиста. Тој не размислува премногу во неговата глава. Кога сте многу години тука, играчите мислат дека заслужуваат нешто посебно за она што го направиле. Тоа е голема грешка. Мора да го докажувате тоа повторно и повторно. Савињо има се да триумфира и се докаже. Има многу да подобри, не е доволно агресивен без топка, но во моментов има нешто посебно да му помогне на тимот. Неговиот гол [против Лестер] беше среќен, но двете асистенции беа брилијантни. Многу сум среќен поради него, тој заслужува да игра, -рече Пеп Гвардиола.
-Имаше многу моменти каде што се снајде навистина добро. Мислам дека тој ја започна сезоната навистина добро, потоа очигледно со тоа што направивме малку помалку, му беше тешко, за еден млад играч. Во последно време се чини дека повторно најде самодоверба. Голот минатата недела може да помогне, а сега против Вест Хем имаше навистина добар настап, -истакна пак Кевин Де Брујне.
-
Англија14 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија16 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија21 час
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија20 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Шпанија7 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација9 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија11 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Шпанија6 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)