Поврзете се со нас

Светски првенства

Де Брујне и Алдервајрелд го коментирале конфликтот на дуелот со Канада (Видео)

Објавено

на

Белгија имаше многу среќа во дуелот со Канада и може да биде презадоволна од минималната победа, а неочекувано лошиот настап на евроската селекција создаде и тензија меѓу соиграчите.

Кевин де Брујне и Тоби Алдервајрелд имаа недоразбирања во однос на начинот на кој треба да игра нивната селекција, а тоа го забележаа и камерите.

По дуелот во Доха, двајцата фудбалери се обиделе да ја смират тензијата.

– Се работи за фудбалски конфликт. Сметав дека имаме простор кој не го користиме, на моменти како да се плашевме. Мислам дека пречесто игравме со долги топки, но вакви работи се случуваат во фудбалот, – изјавил Де Брујне.

– Имавме различни мислења, три пати кога бевме опасни во нивниот шеснаесетник, тоа беше по уфрлување долги топки. Ова е светско првенство, а нашата кавга покажува дека сите сме вклучени во обидот да одиграме што подобро. Сега вртиме нова страница, тој разговор е минато, – рекол Алдервајрелд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни