Англија
Де Брујне донесе одлука за својата фудбалска иднина: Сакав да го слушнете ова од мене (Фото)

Тоа што можеше да се насети во изминатите неколку месеци, ова попладне стана и официјално, а тоа е веста дека Кевин Де Брујне после брилијантни десет години го напушта Манчестер Сити.
Белгискиот репрезентативец реши дека е време самиот да се огласи пред завршните два месеци во сезоната, објавувајќи дека донел тешка одлука за него, но и за неговото семејство.
– Кога го гледате ова писмо, сигурно сфаќате каде ве води истото. За да бидам директен, ќе ви кажам дека ова се моите последни месеци како играч на Манчестер Сити.
– Ништо од ова не е лесно за пишување, но како фудбалери, сите знаеме дека овој ден еднаш ќе дојде. Тој ден доаѓа за мене и заслужувате таа информација прво да ја слушнете од мене.
– Фудбалот ме донесе до сите вас и до овој град. Го бркав мојот сон, знаејќи дека овој период во клубот ќе го промени мојот живот. Овој град ми го промени животот, овој клуб ми го промени животот. Овие луѓе од Манчестер ми дадоа се. Не можев да направам ништо друго, освен да возвратам со иста мера. И, погодете што? Освоивме се што може да се освои.
– Без разлика дали сакаме, или не, време е да се каже довидување. Цело мое семејство е благодарно за тоа што го изградивме тука. Манчестер секогаш ќе стои во пасошите на нашите деца, но што е уште поважно, Манчестер секогаш ќе биде во нашите срца. Ова секогаш ќе биде нашиот дом. Секоја приказна доаѓа до свој крај, но оваа приказна беше најдобра. Да уживаме во овие завршни моменти заедно, – порачува Де Брујне.
Dear Manchester. 💙 pic.twitter.com/2EdhVYOLti
— Kevin De Bruyne (@KevinDeBruyne) April 4, 2025
-
Свет22 часа
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија19 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија18 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија19 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
НБА17 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
Италија21 час
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА7 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона