Поврзете се со нас

Англија

Де Брујне диригент, Фоден егзекутор во пресвртот на Сити (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити забележа нова победа во Премиер лигата со направен пресврт, овојпат на незгодното гостување кај Брентфорд кој често знае да биде „црна мачка“ за фаворитите.

На такво нешто помислија и навивачите на Манчестер Сити по 21. одиграна минута во Лондон, бидејќи Мопеј ги казни промашувањата на „граѓаните“ и го донесе Брентфорд во водство од 1:0.

До тој момент, Сити имаше максимална контрола и работите станаа уште потешки за избраниците на Пеп Гвардиола, кои сепак пронајдоа инспирација во супер расположениот Кевин Де Брујне.

Белгиецот блескаше и со својата пас игра изнуди грешка од потесната одбрана на Брентфорд, по што Фил Фоден израмни на 1:1 во најлош период за домаќините.

Сити се врати во игра во 48-та минута (третата минута од продолжението), а потоа во вториот дел постигна уште два погодоци.

Де Брујне имаше брилијатна асистенција до Фоден за пресврт од 1:2, додека Халанд му овозможи на Фил да заокружи и хет-трик и да го потврди триумфот со третиот погодок.

Со оваа победа, шампионот Сити е на два бода од лидерот Ливерпул, но има и натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни