Поврзете се со нас

Англија

Де Брујн: Сакаме да се бориме со Ливерпул

Објавено

на

Манчестер Сити со победа над Вулверхемптон од 3-1 ја започна новата сезона во Премиер лигата, победа во која значајна улога одигра Кевин Де Брујн.

Де Брујн беше стрелец на дуелот со „волците“, а воедно го диктираше темпото на игра на „граѓаните“ на „Молињу“. Белгиецот е задоволен од прикажаното, победата која според него е важна во борбата со Ливерпул кој и оваа сезона дефинитивно е нивен најголем конкурент за пехарот во шампионатот.

-Мислам дека одигравме навистина добро. Со само две недели тренинг, секогаш ќе биде тешко. Ама цврсто се држевме и мислам дека навистина добро се снајдовме, знаеме дека треба добро да започнеме. Волците за нас беа незгоден тим, па беше навистина добро да се дојде овде и вака да одиграме. Ни недостасуваа некои играчи. Ќе одиме натпревар по натпревар, во четврток имаме уште еден.

-Ако темпото за титулата биде исто како минатата сезона, ќе биде многу тешко. Ние сакаме да се бориме со Ливерпул. За тоа е спортот, -порача ѕвездата на Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни