Де Брујн постави нов рекорд, Сити го среди омилениот противник (Видео)

aguero

Фудбалерите на Манчестер Сити ја забележаа втората победа во третото коло во Премиер лигата и тоа на гостувањето кај омилениот „пациент“, составот на Борнмут.

„Граѓаните“ редовно го победуваат овој противник, па така беше и денеска на „Виталити“ каде славеа со 3-1. Искусниот Агуеро беше автор на два погодоци, погоди и Стерлинг, додека на спротивната страна младиот Вилсон со вистинско ремек дело ја затресе мрежата на Едерсон.

Ова воедно беше дуел кој донесе еден јубилеј и еден рекорд, односно ова за Давид Силва беше 400 меч во дресот на Сити, додека пак Кевин Де Брујн стана играч на кого му биле потребни најмалку натпревари за да дојде до 50 асистенции во Премиер лигата.

На Белгиецот му беа потребни 123 мечеви за да дојде до оваа бројка со што го симна од врвот Месут Озил (141).

Facebook Коментари